Велешани се збогуваа со малата Тамара

Објавено на 10 февруари, 2015 во 14:56

Не стивнува тагата и болката кај велешани по смртта на малата Тамара. На вечното почивалиште денеска ја испратија стотици граѓани кои не ги криеја солзите но и разочараноста поради прерано изгубениот детски живот. Во редици чекаа да и запалат свеќа и за последен пат да се поздрават со неа. Да ја испратат дојдоа и нејзините најомилени другарчиња од балетската група Анабела, која таа најмногу ги сакаше и танцуваше со нив, се додека болеста целосно не и го зароби детското тело.

Тамара имаше само девет години и тежок деформитет на рбетот. Цели три години нејзиното семејство се бореше со институциите да и дозволат да се лекува во странство. И кога конечно успеаја, постапката повторно заглави низ институционалните лавиринти.

Дури вчера кога девојчето почина надлежните соопштија дека ќе добијат дефинитивен термин во кој што ќе може да биде извршена операцијата во Турција. Но тоа сега воопшто не е важно. На семејството на Тамара, кое сепак одлучи телото на девет годишното девојче да го даде на обдукција, нема ништо да му значи. Единствено им останува да ги чекаат резултатите кои ќе треба да откријат од што точно почина Тамара./Д.С

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.