Чадиев:Обвинувањата на СДСМ обид за собирање на ситни политички поени
Во денот кога општината се соочи со последиците од пожарот во велешката населба Дворови, во кој настрада жена, СДСМ се обиде да си обезбеди ситни политички поени со критика за превземените мерки за време на излевањето на водата од речното корито на Вардар, реагираше денеска на прес конференција градоначалникот Славчо Чадиев.
„Гледајќи сеир со скрстени раце, така СДСМ ме обвини лично мене и дека не сме презеле мерки за заштита од надојдените води на реката Вардар. Ваквите обвинувања не само што се дрзок обид за политички поени, туку и се навреда за целокупниот кризен штаб и за сите граѓани кои една недела успешно се справуваа со природната катастрофа. Наместо да изразат поддршка на целокупната акција во која за среќа немаше човечка жртва тие уште еднаш го покажаа своето вистинско лице и при тоа со ниту еден гест не помогнаа, ни учествуваа во санирање на последиците од поплавите, ниту кренаа телефон да прашаат, рече Чадиев.
Градоначалникот додаде дека тоа можеби било и најважната работа за СДСМ наспроти тоа што организацијата и интервенирањето, како личното така и на сите поединци и институции, се реализирало според планот и утврдената динамика за заштита на имотите на граѓаните од кризните делови во градот./Д.С
