Телото на изгорената жена во пожарот во Дворови сеуште е под урнатините
Телото на починатата жена, седумдесет и четири годишната Јелица Бошкова, која настрада во пожарот што се случи во понеделникот вечерта во велешката населба Дворови е сеуште затрупано под урнатините во семејната куќа. Не може да се извади се додека не стигне полициската увидна комисија од Скопје која била презафатена со обврски. И засега не се знае кога комисијата ќе дојдде во Велес. Нејзиното семејство, синот, снаата и внукот, обезбедија времен покрив над глава. Нив помош им понуди сопственикот на мотелот „Македонија“ на автопатот Велес – Градско.
Семејството Бошкови од денеска ќе се сместат и во соба во мотелот се додека не обезбедат сигурно место за живеење. Второто семејството Јанушеви, чија куќа исто така е уништена во пожарот, се заблагодари на понудената помош од сопственикот на мотелот Мите Јовановски и соопшти дека привремено ќе живеат заедно кај керката.
Пожарникарите сеуште го контролираат местото на кое изби големиот пожар и пеплоса две куќи како и дел од шивачки погон на велешка фирма. Се чека комисијата и увидот на местото на несреќата по што ќе следи расчистување на остатоците од пожарот./Д.С
