Семејството Димовски се обидува да ја преболи смртта на Тамара додека граѓаните сметаат дека институциите се бранат од одговорноста
Траорно тивко е денес во домот на семејството Димовски во Велес. Најблиските на Тамара тагуваат по веселиот лик и детски глас на прерано починатото девојче.Им недостасува на сите дома. Скршена од тага и со голема болка во душата мајка и Жаклина вели се обидува да свати дека понатаму во животот ќе мора да живее без Тамара.
Мајката на Тамара , Жаклина Димовска денеска побара малку мир за да ја одболува смртта на своето деветгодишно девојче.Димовски повеќе нема да даваат изјави се додека не стигнат резултатите од обдукцијата на Тамара. Сега она што најмногу го посакуваат е да дознаат барем од што почина кога не успеаја да ја спасат од смртта.
Во последниот статус на фејсбук од синоќа Жаклина го праша министерот за здравство Никола Тодоров „Не знам зошто си разочаран?“ Веднаш му одговори дека нејзиното дете го нема веќе иако таа уште пред три години во Велес јавно го молела да ја прими за да го запознае со случајот
И додека Тамара ја изгуби битката со болеста а семејството вербата во институциите случајот на деветгодишното девојче „многумина само го искористија за себе или институционална промоција“. Ова се деновиве најчестите коментари на социјалните мрежи. Додека граѓаните со огорченост пишуваат за негрижата на државата кон болните деца институциите се обидуваат да се одбранат од секаква одговорност.
Директорката на детската клиника, Азпазија Софијанова која го потпишала решението со кое се одбива лекувањето на тамара во странство се обиде да се оправда дека била надвор од државата и по телефон го кажала своето не. Софијанова објаснува дека та не била претседавач на Комисијата, туку само ја менувала претседателката д-р Анастасика Попоска.
Случајот со деветгодишната Тамара низ лавиринтите на институциите се влечкаше цели три години. Во тој временски период за своето дете семјството Димовски не успеа да издејствува операција во странство кога веќе не можеше да се изврши во Македонија.
убавка Јаневска
