Чадиев:Сега им дојде времето за сечење на дрвјата во Гимназискиот двор
Не сече дрвја градоначалникот ниту општината самоволно туку за тоа одлучи комисија составена од тројца стручњаци, експресно реагира на обвинувањето на СДСМ, градоначалникот на Велес. Според Чадиев водена е постапка во која се вклучиле комисии и од јавното комунално претпријатие и од општината кои одлучиле дека сега им е дојдено времето за сечење на дрвјата.
„Се разгледа и барањето на Гимназијата во сегментот на предниот и задниот дел на дворот. Комисијата составена од тројца компетентни луѓе достави барање до општината да се отстранат стебла на пет листопадни дрвја широки над 30 см, едно листопадно дрво со широчина на стебло под 30 см, четири зимзелени дрвја со широчина на стебло над 30 см, и единаесет зимзелени дрвја бор со широчина на стебло под 50 см. еден чемпрес со широчина на стебло од 30 см и два чемпреси со широчина на стебло под 30 см. Ќе се кастрат и 33 листопадни дрвја. Во задниот двор ќе се кастрат дваесет и седум дрвја“рече Чадиев.
Градоначалникот вети дека на местото на исечените дрвја ќе засадат нови садници исто како во паркот пред училиштето Васил Главинов. Тој рече дека комисија на терен ги испитува дрвјата и потоа донесува одлука кои од нив се за сеча. /Д.С
