Поради штрајк на машиновозачите возовите не тргнаа од Скопје кон Велес
Објавено на 12 февруари, 2015 во 15:34
Од железничката станица во Скопје, денеска, не тргнаа возовите од Скопје за Велес и за Битола а машиновозачите бараат средба со министерот Јанакиески
Патничкиот железнички сообраќај во Македонија од попладнево е во прекин поради бојкотот на машинскиот персонал во МЖ Транспорт.
Од железничката станица во Скопје информираат дека не сообраќаат возовите на релацијата Скопје – Велес и Скопје-Битола предвидени во 13:20 часот и 14:30 часот.
За останатите возови предвидени со возниот ред, како што велат, треба да добијат дополнителни насоки.
