Крадел телевизори и ги продавал на кавадарчани
Кавадарчанец крадел телевизори од угостителски објект и им ги продавал на двајца сограѓани. Сите тројца заработија кривични пријави, првиот за тешка кражба, а другите двајца за прикривање на кривичното дело.
Триесет и четири годишниот С.Н. во периодот од ноември 2014 до февруари 2015 година пет пати едноподруго влегувал во угостителски објект во Кавадарци и земал ЛЕД телевизори, ЛЦД и плазма и потоа за одредена сума украдените предмети им ги продавал на разни лица. Кражбите најчесто ги вршел со кршење на стакло, влегување преку прозор или со користење на погоден алат.
По преземени мерки полицијата пронашла три телевизори кај лицата на кои крадецот им ги продал. Со потврда за одземени предмети, телевизорите се вратени на сопственикот. Инаку направената материјална штета од кражбите изнесува околу 1.500 евра. Во полициска станица двјцата кавадарчани кои купиле украдени телевизори не го признале делото./Д.С
