Тутунот во велешко годинава на помала површина од лани
Во општините Велес, Градско, Чашка и Лозово почна садењето на тутунот. Но годинава оваа индустриска култура, во споредба со лани, ќе биде засадена на помалку за 150 до 200 хектари површина. Според земјоделците причината за намалувањето на тутунопроизводството е ниската откупна цена од минатата година но и зголеменото исселување на населението од овие рурални средини во странство.
„Минатата година под тутун имав осум декари. Годинава ќе засадм само три бидејќи мојот син со неговот семејство замина во странство. Јас со мојата сопруга не можеме повеќе да работиме големи површини. Како нас има многу семејства кои го напуштија родното огниште и заминаа“, рече Митко Игнов од Чашка.
Лани околу две илјади тутунопроизводители жолтото злато го посадија на околу 1000 хектари. Годинава бројот на тутунопроизводителите е намален за двеста кои според досегашните договори со откупните компании тутнот ќе го засадат на двеста хектари помала површина.
Од минатогодишната реколта беа откупени околу 1.500 тони тутун додека за оваа година се очекува да бидат откупени двеста тони помалку./С.А
