Земја и кал натрупани викендов врз бехатон плочките на „Ѓоре Органџиев“

Објавено на 11 мај, 2015 во 12:28

Ископан шанец за поставување на електричен кабел е причина за непроодната улица „Ѓоре Органџиев“ во Велес. Неа граѓаните масовно ја користат во пазарните денови, вторник, петок и недела. По неа одат до Мало мовче и преку Вардар до централниот градски пазар. Овој викенд улицата беше тешко проодна за сите и особено за граѓаните кои живеат таму. Тие имаат дополнителни забелешки поради тоа што фирмата изведувач не ги извадила сите бехатон плочки туку голем дел од нив ги затрупала со земја и камења од ископот.

„Ископот е направен на површина што и треба на фирмата и земјата е нафрлана врз преостанатиот дел од бехатон коцките. Општината ги постави пред неполни две години а сега видете што им се случува. Според мене прво треба да се извадат и стават настрана сите коцки а потоа да се копа земјата. Но, кому да кажеш,“ рече граѓанин.

„Нели овие коцки се купени со наши пари. Зошто се дозволува да се уништуваат.Тоа општината не смее да го дозволи. Кој и да е кога има потреба од градежна работа нека ги извади и складира сите плочки и откако ке заврши со работата нека плати дополнително мајстори што ќе ги наредат како што треба а не да се дозволува кој што сака да прави,“ рече граѓанин.

Од општината најавија дека денеска инспекциската служба ке излезе на терен. Од таму велат дека секој изведувач на градежни работи штом заврши мора да ја врати првобитната состојба на улицата или објектот каде изведува градба или поправка. На ова граѓаните велат дека ќе набљудуваат и ќе информираат дали за конкретниот случај бехатон плочките ќе бидат поставени како претходно, наредени и чисти./У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.