Авионско прскање против комарци во сабота во Велес
Првото авионско прскање против комарци и други инсекти во Велес и околината ќе се спроведе во сабота од 05 часот наутро до 06.30. Од локалната самоуправа информираат дека и годинава ќе бидат третирани повеќе делови во и надвор од градот, почнувајќи од езерото Младост, село Отовица и месноста Јарбош, па се до течението на река Вардар на потегот од село Башино село, низ градот до вливот на река бабуна како и село Горно Оризари.
Со авионско прскање против комарци и годинава ќе бидат третирани населбите Превалец и Керамидна, а ќе биде опфатено и село Горно Оризари. Со авионско прскање ќе биде третирано и целото градско подрачје. Од општината со апел до пчеларите, за време на праскањето но и во наредните 3 до 4 часа да ги затворат кошниците со пчели и да се заштитат од евентуално труење од хемискиот препарат при прскањето. Во случај на дожд, од општина информираат дека прскањето ќе се одложи за наредниот ден.
