Отворени телефони за помош на настраданите кумановски семејства
Започна собирањето на хуманитарна помош за настраданите семејства и нивните домови од кумановската Дива населба. Организатор на акцијата е општинската организација на Црвен крст во Куманово, но од денеска во акцијата се вклучија и останатите општински организации.
Засега граѓаните и фирмите можат да помогнат со донирање на парични средства и тоа на жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 на комерцијална банка или да донираат 100 денари со повик на телефонскиот број 143 400 на мобилните оператори 075/070/077.
Според сликите на терен на 110-те кумановски семејства им е неопходна каква било помош. Тамошниот Црвен крст првично им додели помош во храна, хигиенски средтсва, средства за дезинфекција , вода за пиење, ќебиња и чизми.
Од Општинскиот Црвен крст во Велес велат дека се уште немаат инструкции од Републичката организација за организирање каква било хуманитарна акција за помош на настраданите од вооружената престрелка во кумановската населба. Штом ги добијат инструкциите тие ќе ги повикаат сите граѓани да се солидаризираат и да им помогнат на настраданите./Д.С
