Сообраќајка на патот Велес-Штип на излезот од градот
Објавено на 14 мај, 2015 во 14:10
Сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Велес-Штип, во близина на Градската депонија. Непосредно на излезот од Велес околу 15.15 часот директно се судриле товарно моторно возило и патнички автомобил.
Во судирот со повреди се здобиле двајца патници од автомобилот. Според портпаролот на СВР Веле, Анита Стојковска, на местото на несреќата увид врши увидна екипа на велешката полиција, додека повредените со брза помош се пренесени во општата болница во Велес./У.Ј
