Од општината Петровски ќе ги добие запрените пари за радиодифузија и градоначалникот ќе посредува повеќе да не плаќа сметки за МТВ
Предизвика внимание приказната за велешанецот Димче Петровски чија парична помош, надомест за нега на болно лице, за месец февруари наместо кај него заврши во касата на Македонската радио телевизија. Градоначалникот Славчо Чадиев ги повик Димче и неговата мајка Слобода во општина да им каже дека проблемот со кој се соочуваат ќе биде решен. Чадиев им понуди помош, наредната недела заедно да отидат во правната служба на Македонската радио телевизија и да ги ги приложат документите на Петровски за да престанат на негово име да доаѓаат сметки за радиодифузна такса.
„Општината ќе помогне во сегментот на покривање на трошоците и лично како градоначалник ќе помогнам во покривање на делот што се однесува на запрените пари од негата“, рече градоначалникот Чадиев.
Педесет и четири годишниот Димче е лице со посебни потреби. За неплатени десетина сметки за радиодифузија, нему државата во февруари годинава од сметката му запрела 3.600 денари, па наместо 4.200 денари, колку што добива секој месец за нега, тој подигнал само 600 денари.
Неговата мајка, седумдесети четири годишна жена, еден месец без успешно се обидувала да им докаже на институциите дека не се во право и неколку пати поднесувала барање за ослободување од плаќање на надоместот за телевизија.
Инаку Петровски како лице со посебни потреби и без никакви приходи законски е ослободен од плаќање на каква било давачка кон државата. /Д.С
