Полицијата осомничи три лица за кражба на огревно дрво
Велешката полиција пред Основното јавно обвинителство осомничи двајца вработени во велешката подружница на ЈП „Македонски шуми“ и еден граѓанин од Велес за злоупотреба на службена положба и овластување како и за фалсификување на исправа .
Според полицијата триесет и три годишниот Т.Д, педесетгодишната Љ.П и една година постариот Р.Х од село Бузалково пред две години ја злоупотребиле одлуката на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство за обезбедување со шумски асортименти за свои потреби, за физички лица од државна шума , за жителите на околните села во атарот на село Рудник.
Т.Д, во текот на три месеца во 2013 година, доставувал барања во име на повеќе лица до овластениот шумарски инжењер надлежен за теренот на село Рудник која е второпријавена. Во барањата, првопријавениот внесувал неточни лични податоци, при што второпријавената, иако била должна да го утврди идентитетот на подносителот на барањето, без да побара било каква идентификација на купецот му ги одобрила сите барања.
Првопријавениот по изготвените пресметки во благајната на Шумско стопанство „Бабуна“ уплатил средства со просечна цена од 1200денари по метар просторен.
Третопријавениот, иако знаел дека обврска на секој кој добил сеча од државна шума е сам да ги исече дрвата, му овозможил на првопријавениот во 29 наврата да посече и товари вкупно 189 метри просторни дрва.
Првопријавениот ги продал дрвата на лица за износ од 2400 денари по метар просторен, при што разликата од 1200денари ја задржал за себе, непријавувајќи ја никаде, со што се стекнал со имотна корист од 226 800 денари.
