Кои невладини ќе добијат бесплатен општински простор ќе се знае на наредната седница на Советот

Објавено на 21 мај, 2015 во 11:40

Се уште не се знае точниот број и кои невладини организации, Здруженија на граѓани и Фондации бесплатно ќе користат општински простории. Градоначалникот Славчо Чадиев на прес конференција не ги откри организациите за кои  одлучуваа советниците на последната седница. Сепак потврди дека се уште има заинтересираност од страна на невладините и покрај истекот на предвидениот рок за аплицирање.

„Откако одлуката ќе излезе во службен весник ќе свикам прес конференција и ќе ги кажеме кои невладини организации кои добија простор на општината. Но морам да Ви кажам дека и утрово се јавија уште две Невладини организации заинтересирани за простор но го пропуштиле рокот за аплицирање, што значи дека комисијата треба повторно да се активира и да одлучи, а за тоа ќе се знае на следната седница, рече градоначалникот Чадиев.

Вкупно 33 невладини организации и здруженија пројавија интерес и аплицираа на повикот на општината за доделување општински простор. Дел од нив се со долгогодишна пракса, дел новоформирани но и такви кои досега функционирале но немале простор. Општинскиот простор ќе го користат бесплатно, но имаат обврска да ги плаќаат сметките за струја и вода. И покрај нивната реакција за ваквата одлука на општината тие се пријавија на конкурсот за доделување простор. Кои невладини и граѓански здруженија ќе користат општински простор ќе се знае на следната седница на Советот.

Инаку општината понуди простор во зградата во Дворови каде претходно беа сместени неколку невладини и здруженија меѓу кои и Фондацијата Фокус. Нејзе и истече десетгодишниот договор и општината ја исели, па таа сега функционира во два одделно изнајмени простори, за кои киријата ја подмируваат два други донатори чии што проекти тековно се реализираат.

Инаку  простор за користење има и во спортската сала Гемиџии, во просториите на урбаните заедници  Алексо Демниевски Бауман, Трајко Панов, Славе Петков и Тодор Јанев. На располагање се и простории во поранешниот пензионерски дом и поранешниот хотел Вила Зора како и во библиотеката Гоце Делчев. Најмногу простории има во синдикалната зграда, а оштината нуди простор и во спомен куќите на Касапови и Васил Главинов./Д.С

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.