Не поцрвенува семафорот во Велес за движење на лево,во правец кон улицата „Благој Ѓорев“

Објавено на 5 ноември, 2015 во 14:39

Не свети црвеното светло, на единствениот семафор во Велес, кое го регулира стоењето на автомобилите кои движејќи се по улицата „Алексо Демниевски“  треба да завртат на лево и да се вклучат на улицата „Наум Наумовски Борче“. Вчера вечер таму возач на автомобил порано притисна на гаста и го закачи автомобилот пред него . Тоа предизвика вклучување на неколку сирени на нервозни возачи кои тврдеа дека ова сигнално светло не работи веќе една недела.

Семафорот не поцрвенува ниту кога треба пешаците доаѓајќи од мостот пред поранешен „Жито Вардар“ треба да застанат и да не ја преминуваат улицата за да дојдат на спротивниот тротоар од кај Гимназијата.

За овој дефект најмногу зборуваат таксистите според чии проценки сосема е погрешно местото на поставување на семафорот. Тие овој начин на регулирање на сообраќајот во Велес го бараат на спојот на улицата „Наум Наумовски Борче“ со централната градска улица „Благој Ѓорев“. Таксистите велат дека токму таму има најмногу чекање и неправилни вклучувања./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.