Велешанецот, д-р Данчо Марковски е назначен за Амбасадор во Републка Албанија

Објавено на 1 февруари, 2020 во 08:26

DancoM fn

Д-р Данчо Марковски роден е во Велес во 1956 година. Дипломиранот правник од 1987 до 2012 година се посветува на дипломатските мисии во Триполи – Либија, Анкара – Турција, каде што ја отвора првата македонска Амбасада во светот, Амбасадата во Стокхолм – Шведска, Управата за европски земји и Амбасадата во Пекинг.

Во 2008 година е именуван за вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Хрватска на која должност останува до 2012 година.

Во Хрватска одликуван е со орден „Редом Кнеза Бранимира“ за неговите успешно реализирани активности. Благодарение на неговите лични заложби и активно учество во време на неговото работење во македонската амбасада во Загреб, се реализираa четири значајни проекти за Велес и Република Македонија . За неговиот несебичен придонес, посветеноста на велешките дејци, македонската историја и култура и нејзината промоција на меѓународен план, Општина Велес на д-р Данчо Марковски му го додели највисокото признание – наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година.

Markovsk Gemgj fn

Амбасадорот д-р Марковски на врачувањето на наградата за животно дело „Гемџии“ 

Дипломатот од кариера, се занимава со теорија од областа на меѓународната политика, меѓународните односи, дипломатското и конзуларното право. Автор е на книгите „Дипломатија, организација и практика“ („Consular service organization and practice”) и „Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатија“.

Првот македонски систематизиран Прирачник за дипломатски протокол е обемна и еднствена публикација од ваков вид на македонски јазик. Книгата содржи историски и теоретски, како и практичен дел, со повеќе од 50 примери на дипломатска кореспонденција, глосар на дипломатски термини и други прилози. На едно место и прегледно, со практични примери, овој прирачник ги објаснува најзначајните функции и алатки на државниот протокол како неопходна димензија во професионалната работа на владините министерства и органи, како и на други државни служби, локални институции и организации.

9noemvri Danco fin

Амбасадорот Д-р Марковски на одликувањето со орден „Редом Кнеза Бранимира“ во Загреб, Р. Хрватска

Д-р Марковски гостувал како предавач на катедрите по меѓународна политика и меѓународни односи на правните факултети во Загреб и Скопје, како и на дипломатски курсеви на Хрватската дипломатска академија и македонското Министерство за надворешни работи. Избран е за доцент на Универзитетот Американ колеџ Скопје. Од 2015 до 2017 година бил претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје. /У.Ј

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.