Четири новозаразени, тројца оздравени, активни 28 и 32 лица во самоизолација од Ковид-19 во велешко
Објавено: 19 август, 2020, во 13:51 часот
19.08.2020
Вработен во фабрика во Кавадарци и маж кој поради работа патувал надвор од Велес се двајца од вкупно четирите новозаразени со Ковид-19 во Велес во изминатите 24 часа. Останатите двајца, еден маж и една жена, не им дале податоци на епидемиолозите на Центар за јавно здравје Велес за контакти што ги имале во изминатите денови бидејќи не можеле да се сетат.
Во изминатото деноноќие во градот има тројца оздравени од коронавирус поточно една жена и двајца мажи.
Бројот на активни случаи денеска изнесува 28 граѓани додека во самоизолација 32 лица.
На Инфективното одделение во Општа болницата Велес се лекуваат вкупно17 пациенти.
– Петнаесет се позитивни додека од двајца се земени брисеви и се чекаат резултати. Од лежечките пациенти осум се велешани, четири од Свети Николе, три од Неготино и двајца се од Кавадарци.Исто така двајца пациенти се на кислородна поддршка, рече д-р Весна Николовска Неделкова портпарол на Општа болница Велес..
Од почетокот на епидемијата до денеска се заразиле вкупно 247 случаи и евидентирани се 205 оздравени граѓани. Бројот на починати изнесува 14 лица./У.Ј


