Кои семејства живееле на првите шест улици во Велес, во 1942 година

Објавено на 13 декември, 2020 во 16:14

Veles panoramapo prva svetskavojna

13.12.2020

Податоци во овој Пописник на Велес , од 1942 година,  наоѓаме и за верската определба на жителите во градот, за нивното образование (претежно без завршено основно четиригодишно училиште) и за нивните занимања (наемни работници, земјоделци, сиромашни занаетчии, малку трговци, ситни стопанственици, вработени во тогашните државни институции и малубројни интелектуалци).

Ова е извонреден индикатор за изработка на солидна и обемна историска анализа за економско-социјалните, културно-образовните, демографските и другите состојби во градот во Велес од средината на 19 век до 1941-1942 година. Секако, преку податоците забележани во пописниците, може да се следи кои лица и кога се доселувале во Велес, од кои села од околината на градот и на кои места, а кои фамилии се стари и тука живееле уште пред Балкансите војни. Истовремено, може да се изработи точна мапа на градот според улиците и куќите и територијално колкав простор зафаќал градот во тоа време.

Инаку, пописните книги се наоѓаат во Подрачното одделение на Државниот архив на Република Македонија во Велес. Се чуваат во фондот на Велешката градска општина во шест книги. Книгите со пописниот материјал се оригинални, пишувани со мастило и со бугарски букви и писмо. Со мали ислучоци, сите книги се добро сочувани и лесни за користење. Тоа се единствени пописни книги од таков вид во Република Македонија. Затоа, нивната историска вредност е со непроценливо историско значење. Тие се неисцрпен историски извор на податоци за разработка на многу историски материјали кои даваат оригинална и веродостојна информација за бројната состојба на фамилиите и населението во Велес. Називите на фамилиите и нивните имиња се запишани кирилично и на македонски јазик. Други интервенции или дополнувања не се извршени.

Eве кои семејства во 1942 година живееле на улиците: Башиноселска, Штипска, Скопски пат. Скопски пат – Дорутовец, Генерал Танев и Љубен Каравелов“.

Улица „Башиноселска“: Маневи, Чукалиеви, Брчкови, Јаневи, Нацеви, Георгиеви, Здравкови – Арсови, Бисинови, Мокрови, Маневи, Чивчихристови.

Улица „Штипска“: Караколеви, Ацеви, Манаскови, Афузови, Чивчиристови, Караџови, Филипови, Тодорови, Настови, Трајкови, Прдлови, Циунови, Давчеви, Димови – Кочови, Јовеви, Михајлови, Јосмови, Јовеви, Јосмови, Тодорови, Мишкови – Алексови, Јовеви, Настови – Саздови, Пешови – Саздови, Јовеви, Теови – Панови, Бисинови, Нешови, Карамаркови, Тоневи – Трајкови, Драскачови, Андонови (Кусови) – Ѓошеви, Миладинови – Накови, Брчкови, Чирови, Ивеви, Цекови, Јовеви-Ивеви, Филипови-Панови, Атанасови, Чакрови, Гочеви – Андрееви, Манасиеви – Николови, Каракостеви, Петрушеви, Стојанови – Андови, Лукареви, Мицеви – Панов, Џгурови, Миткови, Филипови, Ацкови – Стојанови, Картинови, Чајлеви, Кара Андови, Булбулови – Ацкови, Мустафови, Скорниеви, Муртезанови, Џалеви, Сулиманови, Кралеви, Николови, Ризови, Петрови, Апостолови – Игнови, Кекерови, Манасиеви, Цуцулови, Голубови, Илиеви – Тодорови, Шаптеви, Соколови, Џгурови, Кара Андови, Ангелови, Османови, Џаферови, Мустафови, Џаферови, Нешови, Јовеви, Скорниеви, Филипови и Јовеви.

Улица „Скопски Пат“: Славкови, Вукови и Шишкови.

Улица „Скопски Пат“-Дурутовец: Трајкови.

Улица „Генерал Танев“: Иванови, Крстеви, Наумови- Панови, Кицови – Мишеви, Стојкови – Златанови, Софкарови, Оцеви, Тесличкови, Агодаови, Георгиеви – Маневи, Збутакови, Суруджинерови, Давчеви, Караколеви, Јордеви (Ордеви), Симсарови, Костови – Јорданови (Аспарукови – Аспарови), Маневи, Абрашеви, Атанасови, Панови, Брчкови, Ламњови, Мицеви, Мечкалеви, Мирови, Колиарови, Иван Јорданов – Јорданови, Ликови – Зафирови, Стаменкови – Андрееви, Манаскови, Папазови, Арсови, Станчеви, Наумови – Панови (Доцкини), Смилеви, Митеви, Стаменкови, Наумови, Караиланов, Бачманови, Ќучукови, Бачманови, Варналиеви, Димови – Лескови, Василеви – Андови, Мицеви – Димкови (Димови), Георгиеви – Петрови, Караколеви, Габови, Тодеви – Неделкови, Индови, Ордеви и Наумови.

Улица „Љубен Каравелов“:Гакеви, Пуневи, Миткови, Узунови, Кицови, Ивчева (Рајна), Натови, Митреви – Маневи, Пешанкови, Камишеви, Крстеви, Шалеви, Лазови, Даеви, Гакеви, Коцеви – Аврамови, Митреви, Арсови, Кечкови, Чолакови, Крстеви – Петрови, Караколеви, Гоневи, Митреви, Караиндови, Габови, Спасеви – Коцеви, Димови, Смилеви и Маневи.

(Продолжува)

Истражувач:

Проф. д – р Ѓорѓи Малковски,

редовен професор во Институтот за национална историја

и проучувач на македонската историја од 1912 – 13 до 1991 година

Фотографија: Велес за време на Прва Светска војна

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.