Полициските службеници за 24 часа напишале 37 казни за неносење на маска, 22 се велешани
Објавено на 16 декември, 2020 во 10:25
16.12.2020
Во изминатите 24 часа Секторот за внатрешни работи Велес за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентира 37 лица.
Полициските службеници во Велес напишале платни налози на 22 граѓани, во Кавадарци на 12 граѓани и на три граѓани во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од СВР Велес.
Стоилко Андреевски