Почина велешанецот Аљуш Ахмет, член на Советот на Општина Велес

Објавено на 16 декември, 2020 во 18:01

AljushAhmet naslovna

16.12.2020

На 66 годишна возраст и по подолго боледување, денеска во Велес, почина членот на Советот на Општина Велес Аљуш Ахмед. Тој неколку месеци ја извршуваше оваа локална функцијата како преставник на Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Komemorativnasednica fin

По повод смртта на Ахмед, денеска, во големата сала на Општина Велес се одржа комеморативна седница на која за неговиот живот, професија и работниот век пред членовите на смејството и членовите на Советот на Општина Велес говореше Претседателот на Советот Ќирил Гајдов. Исто така беше отворена и книга на жалост во која своето сочувство го изразија роднини, пријатели, колеги, сопартијци.

KireGajdov fin

Aljush Ahmet 1

Аљуш Ахмет претходно беше заменик претседател на Турската партија во Велес. На последните локални избори тој беше кандидиран на листата за членови на Совет на Општина Велес предводена од СДСМ.

pretstavatanaAhmet fin

Исто така, Ахмет беше познат помеѓу велешани и како основач на КУД „Бирлик“, сликар, автор на поезија, на прозни текстови кои се користеа за подготовка на алтернативни театарски сцени за претстави. Меѓу нив особено внимание предизвика текстот за претставата „Човечките вредности немаат вера и религија“ работена според македонската народна песна „Елено ќерко Елено“ во која тој ја раскажа додека режисерката Весна Димитрова Бобевски ја прикажа љубовта на велешанката Елена Кртчева со син на тогашен бег во Велес. Претставата ги содржеше и идеалите на младотурските револуционери од една и од друга страна на македонските комити. Претставата беше изведена за одбележување на патронен празник на ООУ„Васил Главинов“.

petstava fin

Аљуш Ахмет беше сопруг и татко на две деца. 

Погребот на Ахмет се одржа денеска во 13 часот на Муслиманските гробишта во Велес.

Убавка Јаневска

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.