Билтен на СВР – Велес за време на изминатиот викенд

Објавено на 21 декември, 2020 во 09:25

policiski kavadarci

21.12.2020

За време на минатиот викенд, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита на подрачјето на СВР – Велес казнети се 72 лица, и тоа, 39 во Велес, 20 во Кавадарци и 13 во Неготино. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

На 20.12.2020 околу 12.00 часот во СВР било пријавено дека на ул.„11-ти Октомври“ во Велес 16-годишно девојче било каснатo од куче скитник.

На 19.12.2020 од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што се регистрирани 13 прекршоци, од кои четири во Велес, четири во Кавадарци и пет во Неготино. Против овие лица ке бидат поднесени содветни пријави, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР – Велес.

Мите Јаначков

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.