За четири нови ковид пациенти е зголемен бројот во Општа болница Велес
Објавено на 25 декември, 2020 во 16:45
25.12.2020
Вчера вкупно 36 додека денеска вкупниот број на болни во велешка болница изнесува 40. Од нив 29 се потврдено позитивни и 11 пациенти со негативен тест, но задржани се на болничко лекување.
На кислородна поддршка денеска се 14 пациенти.
Болничките пациенти се лекуваат на Инфективно и Интерно одделение. На Инфективно битката со коронавирусот ја водат 35 ковид болни додека на Интерно се лекуваат 5 пациенти, соопшти портпаролката д-р Елеонора Јованова.
Убавка Јаневска
