Исчезнати жена и девојка од Велес, седум казнети возачи за непрописно престигнување како и 28 граѓани без заштитни маски

Објавено на 28 декември, 2020 во 16:06

CicoOrcesomaska fin

28.12.2020

Викендов, поточно вчера, недела 27 декември во Полициската станица Велес дваесет и двегодишниот О.Ф. од Велес пријавил дека неговата невенчана седумнаесетгодишна сопруга заедно со неговата осумнаесетгодишна сестра Н.Ф. околу 10.00 часот излегле од дома

и до време на пријавувањето не се вратиле. Од полицијата информираа дека превзеле мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатите лицата.

Исто така, вчера, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Велес во временски период од 08:00 до 16:00 часот на подрачјето на СВР Велес реализирале засилена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Во акциската контрола биле евидентирани и казнети седум возачи. Пет од нив неправилно престигнувале во Велес, еден во Кавадарци и еден во Неготино.

Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници евидентирале и казниле вкупно 28 граѓани во три градови што се дел од Секторот за внатрешни работи Велес. Од нив 19 се велешани , четири во Кавадарци и пет во Неготино.

-Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.