Казнети вкупно 48 граѓани, за неносење заштитна маска, од кои 23 велешани
Објавено: 31 декември, 2020, во 14:07 часот
31.12.2020
Во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Велес казнил вкупно 48 лица.
Од нив 23 во Велес, 13 во Кавадарци и 12 во Неготино.

-Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, рече портпаролот Верољуб Додевски.
Стоилко Андреевски



