Eден починат и 40 ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 17 јануари, 2021 во 15:54

Infektivnovleznavrata fin

17.01.2021

Починатиот е маж на 66 годишна возраст што на Инфективно одделение бил примен и лекуван две недели.

Денеска на ова одделение се лекуваат вкупно 40 ковид болни, од кои 30 се потврдено позитивни, 3 сомнителни и 7 пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

– На кислородна поддршка се 14 пациенти. Од вкупниот број на пациенти 34 се лекуваат на Инфективно и шест на Интерно одделение, рече портпаролката д-р Елеонора Јованова.

За неколку дена бројот на болнички пациенти во велешка болница се зголеми за една третина. Од 26 за неполна недела се искачи на 40 ковид болни.

Стоилко Андреевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.