Намален бројот на пациенти кои се лекуваат од коронависур во Општа болница Велес

Објавено: 21 јануари, 2021, во 11:55 часот

bolnicav fin

21.01.2021

Се намалува бројот на пациенти кои се лекуваат од коронавирусот во Општа болница Велес.
Денеска вкупно се хоспитализирани 24 нови пациенти, од кои 22 се потврдени позитивни, а девет од нив се на кислородна поддршка.

„Починат е пациент на 56 годишна возраст од село Лозово, лекуван 10 дена на инфективно одделение“ – соопшти д-р Елеонора Јованова.

На Инфективно одделение се лекуваат 22 пациенти, додека на Итерно одделение само два пациенти.

Денеска имаме и двајца оздравени пациенти со по еден негативен тест, но се задржани на болничко лекување.

Стефани Манева

#КовидПациенти #ОпштаБолницаВелес #ИнтерноОдделение #ИнфективноОдделение

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.