По повод „Свети Сава“ подароци добија учениците во село Иванковци од невладината „Спона“

Објавено на 29 јануари, 2021 во 17:42

Ivankovci fin

29.01.2021 

Четириесет и девет ученици на ООУ „Стојан Бурчевски Буридан“ во село Иванковци денеска добија подароци во новогодишни пакетчиња додека 12 ученици, од прво до трето одделение, и училишни ранци.

Тие се донација на граѓанската организација „Спона“ од Скопје што е дел од истоимената невладина организација од соседна Република Србија.

Донацијата беше поделена по повод верскиот празник „Свети Сава“ што граѓаните на Србија го прославуваат како најголема слава.

MileGjurik fin

-Подароците ги добија сите ученици во училиштето од нашите пријатели од Скопје кои се дел од една граѓанска организација што се вика „Спона“ со седиште во Република Србија. Учениците од нашето село беа многу среќни. Убаво е кога се подарува на деца во населените места во општината. Така се потврдува дека тие не се заборавени, рече Миле Ѓуриќ жител на село Иванковци.

Тој во име на децата и нивните семејства од Иванковци упати јавна благодарност на донаторите што веќе во селото се сметаат за нивни пријатели./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.