Осумнаесет пијани граѓани управувале возила и 38 не носеле заштитна маска во Велес, Кавадарци и Неготино
Објавено на 8 февруари, 2021 во 09:47
08.02.2021
Во акциска контрола што вчера, сабота, 7 февруари е спроведена на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес во временски период од 20: 00 часот до рано утрнава, до 02:00 часoт вкупно 18 управувале возила под дејство на алкохол.
Од нив 11 се велешани, двајца кавадарчани и пет неготинци.
Против овие лица полицијата ќе поднесе соодветни пријави.
Исто така во изминатите 24 часа за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 38 лица од кои 22 заштитна маска не носеле во Велес, пет во Кавадарци и 11 во Неготино.
И против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Убавка Јаневска
