Зголемен бројот на хоспитализирани ковид пациенти во велешката болница

Објавено на 8 февруари, 2021 во 12:44

veles fin

08.02.2021

Во Општа Болница Велес хоспитализирани се 38 пациенти, од кои 29 се потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Во моментов на кислородна поддршка се 12 пациенти, а во последните 24 часа испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест, соопшти д-р Елеонора Јованова.

Од хоспитализираните ковид пациенти, 33 се лекуваат на Инфективно одделение останатите пет пациенти се лекуваат на Интерно одделение.

Се апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за Ковид-19, со цел спречување на коронавирусот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.