Човек скокнал од Железен Мост во Вардар во Велес
08.02.2021
Настанот се случил попладнево, велат граѓани што имаат работилници во близина на Железен Мост. Тие тврдат дека еден од нив видел како тело на човек паѓа од мостот во водата на Вардар.
По дојавата во Полициската станица во Велес на мостот и под него увид направила екипа на Секторот за внатрешни работи во Велес. На лице место сеуште има полициски службеници кои вршат распит на граѓани.
-Пријавен е настан за кои увидната екипа на СВР Велес е излезена на лице место. Ги очекуваме нивните резултати, рече за Дума.мк портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Граѓани потврдија дека полицијата ја затворила пешачката патека и извесен период не дозволувала да се мине по неа. Дел од нив разбрале дека станува збор за млад човек додека некој велат дека станува збор за дете кое од мостот скокнало во реката.
Убавка Јаневска
