МВР: Приведен велешанец кој украл возило „БМВ“, возилото е вратено на сопственикот
Објавено на 11 февруари, 2021 во 11:25
11.02.2021
Во текот на вчерашниот ден околу 17.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес, затоа што при контрола на патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал М.Б. на магистралниот пат Велес – Штип, во близина на населбата „Три чешми“, било констатирано дека возилото на 09.02.2021 било одземено на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје и е во сопственост на Џ.З.(46) од село Зелениково, скопско.
Возилото било одземено и вратено на сопственикот, а М.Б. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, по чие документирање ќе следува соодветен поднесок