СВР Велес: Во последното деноноќие регистрирани се 14 прекршоци за возење со поголема брзина од дозволената и евидентирани се 39 лица за не носење маска
Објавено на 11 февруари, 2021 во 11:46
11.02.2021
Во акциска контрола што вчера, среда, беше спроведена на подрачјето на Велес, во временски период од 08.00 до 16.00 биле регистрирани 14 прекршоци за возење побрзо од пропишаната брзина.
Истиот ден, за непочитување на уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 39 лица.
-Дваесет и девет лица се од Велес, шест од Кавадарци и девет од Неготино, соопшти Верољув Додевски, потпарол на СВР Велес.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Се апелира до сите граѓани, да ги почитуваат мерките донесени од страна на Владата, со цел спречување на коронавирусот.
Стефани Манева