МВР: Приведени двајца разбојници од Велес
Објавено на 12 февруари, 2021 во 10:00
12.02.2021
Во текот на вчерашниот ден, околу 20.00 часот, полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ги лишеле од слобода К.Г. (30) и Љ.Ј. (36) двајцата од Велес.
Тие 15-тина минути претходно со закана се обиделе да извршат разбојништво во продажен објект во Велес, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Двајцате се приведени во полициска станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
