Милошоски во Велес: Владата да одговори зошто министрите за внатрешни и за правда немаат НАТО безбедосни сертификати ?

Објавено на 15 февруари, 2021 во 16:20

Milososki fin15.02.2021

Недобивањето на НАТО безбедносни сертификати на Министрите за внатрешни работи и за правда е хендикеп за државата, смета пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски. Тој смета дека станува збор за многу сериозно прашање на кое одговор треба да даде владата.

-Ако НАТО како безбедносна алијанса не ви одговори и не ви даде безбедносен сертификат тогаш тоа е хендикеп за државата која е членка на НАТО а не може преку своите највисоки државни претставници да ги користи безбедносните информации на НАТО. Експертите кои излегоа во јавноста соопштија дека не добивањето на сертификат може да се случи ако некој соработувал со странска служба која можеби не е пријателска или доколку за некој висок државен функционер има сомнение за корупција или криминал, додаде Милошоски.

Тој со колегата Игор Здравковски денеска посетија две велешки фирми поради тоа што минатата година во Велес имало 4.200 додека годинава 5.000 активни невработени граѓани. Зголемениот број на невработени според Милошоски говори за сериозен економски притисок врз граѓаните. Анализирајќи го големиот јавен долг на државата, во висина на два државни буџети, пратеникот констатираше дека владата не изградила ниту еден капитален објект како во Велес така и во државата.

-Со тоа на стопанството му се прават проблеми и трошењето на парите преку ваучери излезе дека е предизборен маркетинг што не донесе никакви резултати, додаде Милошоски.

Одговарајќи на новинарско прашање како е направен изборот на двете велешки фирми што денеска ги посетија Милошоски рече дека првата е домашна и втората странска инвестиција кои се соочувале со проблеми за кои немале разбирање од страна на економскиот тим на владата.

-Сметам дека начинот на кој владата ги запоставува овие инвеститори е на штета на граѓаните и на стопанството. Ваквите стопански субјекти би требало да бидат потпомогнати со грантови за репроматеријали, со помош за пласман на производите и со тоа ќе расте и стопанството и бројот на вработени, додаде Милошоски.

Според пратеникот посетата е дел од партиската одлика и замисла во следниот период да се зголеми инвестицискиот потенцијал за да зајакне економијата во државата.

Исто така Милошоски ја соопшти поддршката на ВМРО ДПМНЕ за Предлог Законот за лични карти,  поднесен во Собрание на иницијатива на пратеничката група на БЕСА, велејќи дека прифатливо е во личните карти на граѓаните да стои етничката припадност но не и името на државата со новата придавка Северна.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.