Две тепачки во ист ден и акциска контрола на пешаци на подрачјето на СВР Велес
Објавено на 19 февруари, 2021 во 13:12
19.02.2021
Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека во текот на вчерашниот ден се случиле два физички напади, на подрачјето кое што го покрива, првиот во Градско кај село Виничани и вториот во Неготино , во кој што се вмешани вкупно пет лица.
Исто така, во текот на вчерашниот ден е направена една акциска контрола во Велес, во Кавадарци и во Неготино во кое што се регистрирани вкупно 32 прекршоци од исто толку граѓани како пешаци.
Во изминатите 24 часа, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, евидентирани се вкупно 56 лица. Во Велес 41, во Кавадарци шест лица и девет во Неготино.
Против лицата ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од полиција.
Стефани Манева