Храбри велешанки им се спротивставиле на вооружени разбојници во грабеж на трафика

Објавено на 19 февруари, 2021 во 16:31

avion

19.02.2021

Велешкото основно јавно обвинителство поведе истражна постапка против две лица кои се обиделе да сторат кривично дело разбојништво, но ги спречиле две жени.

Обвинителство соопшти дека, во вечерните часови на 13 февруари, осомничените како соизвршители се обиделе да извршат грабеж во трафика на улицата Благој Ѓорев во Велес.

Притоа, на две жени кои се наоѓале во трафиката им се заканиле со пиштол и се обиделе да ја отворат касата. Но во тој момент, едната жена започнала да вика, барајќи помош од полиција, додека другата се борела со двајцата разбојници.

Кога не успеале да ја отворат фиоката, осомничените избегале без да ја реализираат својата намера.

Основниот суд во Велес го прифати предлогот на јавниот обвинител и на двајцата осомничени им определил притвор во траење од 30 дена.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.