Акцијашите ветерани волонтираа во хуманитарна акција за помош на граѓани и семејства во социјален ризик

Објавено на 20 февруари, 2021 во 14:55

akcijashi

20.02.2021

Хуманитарна акција за собирање храна и средства за хигиена за деца со посебни потреби, самохрани родители, деца без родители и социјално загрозени семејства се спроведе денеска во Велес. Во спроведувањето на акцијата на граѓанската организација „Подари насмевка“ од Скопје како доброволци се вклучија акцијашите ветерани од Работната бригада „Кочо Рацин“.

Петнаесет акцијаши ветерани застанаа позади штандовите кои беа поставени пред маркетите на трговскиот ланец „Жито“ на кои велешани можеа да подарат прехрамбени и производи за хигиена.

-Освен храна и хигиенски средства граѓаните во кутија донираа и парични средства. Штандовите за донации беа поставени пред маркетите кај Багремче, Тунел, Средношколски интернат, во близина на Општина Велес, кај комплекс Чешел, кај основно училиште „Кирил и Методиј“, кај централен градски пазар и на плоштад Којник. Ние сме задоволни од одзивот и хуманоста на велешани. Резултатите од спроведената акција ќе ги соопшти граѓанската организација „Подари насмевка“ од Скопје затоа што ние само доброволно помагавме, рече Делчо Костов командант на РБ „Кочо Рацин“ на ЗГ „Акцијаш ветерани“.

Акцијашите ветерани денеска шест часа волонтираа на поставените штандови на локациите што ги одреди хуманитарната скопска граѓанска организација.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.