Хоспитализирани се 34 пациенти во велешка болница, девет од нив на кислородна поддршка

Објавено на 23 февруари, 2021 во 12:43

bolnica veles

23.02.2021

Во велешката болница во ковид центрите хоспитализирани се вкупно 34 пациенти. Позитивни потврдени се 30, еден пациент е сомнителен и тројца пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување.

-Од хоспитализираните пациенти 30 се лекуваат на Инфективно одделени, додека четворица на Интерно одделение, соопшти потпаролката д-р Елеонора Јованова.

На кислородна поддршка се девет пациенти.

Во текот на денешниот ден, испишани се четворица пациенти како оздравени со по еден негативен тест.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.