СВР Велес : Жена физички нападната пред продажен објект и тепачка помеѓу двајца велешани
24.02.2021
Вчера на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес е пријавено дека во 09:50 на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, пред продажен објект, вработената А.Д.(34) била физички нападната од К.С.(68).
Истиот ден, неколку часа подоцна се случила и физичка пресметка помеѓу Т.Т(64) и Р.Ч. (65) двајцата од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Сектор за внатрешни работи исто така информира дека на подрачјето на Велес спроведена е и акцискаконтрола на возачи кои усправуваат возила со брзина поголема од пропишаната. Регистрирани се вкупно осум прекршоци.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 35 лица. Во Велес 15, во Кавадарци 16 лица и четворица во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева
