Константно загаден воздухот во Велес со концентрации над дозволени вредности

Објавено на 24 февруари, 2021 во 15:03

merenje

24.02.2021

Поставените мерни станици во градот Велес на Еколошјото друштво „Вила Зора“ мерат високи вредности на загадување на воздухот во сите делови на градот. Во последните седум дена измерени се високи вредности на ПМ 2,5 и ПМ 10 честичките. Кога ќе се споредат регистрираните дневни концентрации на трите локации во градот, во Центар, населба Шорка и Нова населба изминатава недела најголема загаденост на воздухот е регистрирана на мерната таница во населба Шорка. Таму ПМ 2,5 честичките биле 3,1 пати повеќе над дозволената граница додека ПМ 10 честичките за 1,6 пати повеќе од дозволеното.

– Ако знаеме дека референтните вредности за пм 2,5 честичките се 25 микробрани на метар кубен а за ПМ 10 честичките 50 микробрани на метар кубен, во последните седум дена во Центар за ПМ 10 честичките просечна вредност изнесува 51,08 што значи дека се движи над дозволените граници, додека ПМ 2,5 честичките покажува скоро двојно повеќе од дозволеното. Во Нова населба вредностите на ПМ 10 честичките покажуваат 1.3 пати над дозволеното значи скоро сите седум дена во овој дел на градот биле над дозволените вредностии тоа за ПМ 2,5 вредностите покажуваат 64,27 што е два и пол пати повеќе над дозволеното. Во Шорка вредностите за ПМ 10 честичките се 81.39, што е 1,6 пати над дозволената граница и за ПМ 2,5 податоците покажуваат 78,21 со тоа 3,1 пати повеќе над дозволените граници. Заклучокот би бил дека во сите овие седум дена, нема ден во кој вредностите се движат во нормалните граници, рече Сашка Коцевска од Еколошкото друштво „Вила Зора“.

И снегот кој ги изненади велешани пред една недела, не придонесе за целосно прочистување на воздухот во градот. Овие мерни станици, покрај ПМ 2,5 честичките и ПМ 10 честичките мерат присуство и на азот диоксит и на јаглерод моноксид. Резултатите исто така покажуваат концентрации над дозволената вредност. Секојдневно нив можете да ги следите на следниов линк: https://www.facebook.com/%D0%95%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D1%80%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%92%D0%B8%D0%BB%D0%B0-%D0%97%D0%BE%D1%80%D0%B0-186851124749608/?ref=page_internal

– И покрај снегот, што зимава го немавме во големи количини, а падна пред десет дена , на 13 февруари, резултатите токму на овој ден покажуваат дека тој не влијаеше на намалување на загаденоста на воздухот. Тогаш се регистрирани зголемени вредности на ПМ 2,5 честичките кои изнесуваа 51,6 што значи дека имаше двојно зголемено загадување додека на ПМ 10 честичките беше измерена концентрација од 53,2 или над референтните вредности. Исто така на 13 февруари беа измерени концентрации на јаглероден моноксид, во центар од 164,04, во Нова населба од високи 154,22 и во Шорка најниски 136,58. Исто така и измерените концентрации на азот диоксид покажаа високи вредности . На мерна станица во Центар 3,31 во Шорка 1,47 и во Нова населба 1,48. Во просек снегот не беше фактор кој што ги намали бројките на мерните станици, додаде Коцевска.

Saska

Во текот на минатата недела изјава за загадувањето на воздухот даде и пратеникот Ненад Коциќ, поранешен претседател на Еколошкото друштво „Вила Зора“ кој констатираше дека состојбата се’ уште не е перфектна но истата се подобрува.

– Објективна реалност е дека состојбите во воздухот се уште не се перфектни и добри затоа што имаме ПМ честички над максимално дозволените многу често, меѓутоа објективна реалност е дека се раздвижија работите и дека почнува драстично намалување на аерозагадувањето. Тоа ќе го следиме и на индекс на загадување на светски рамки. Состојбата во Македонија далеку е подобра од пред три четири години. Меѓутоа додека не се реши проблемот со затоплувањето на домаќинствата наместо со дрва тоа да биде со течен нафтен гас нема да има решение на проблемот. Имплементирањето на новите законски одредби што се подготвуваат и се веќе во собраниска процедура, околу квалитетноста на амбиеталниот воздух, односно на загадувањето од индустријата исто така нема да има решавање на проблемот. Сметам дека со новие измени кои што се веќе поднесени во Собрание како и оние што јас ќе ги поднесам во наредниот период како пратеник со дополнителните од пратеничката група на СДСМ драстично ќе се подобри состојбата со аерозагадувањето, рече Коциќ.

Пратеникот се надева дека предлог измените за подобрување на состојбата со аерозагадувањето ќе ги поддржи и владината коалиција.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.