СВР Велес: Во нотарска канцеларија жена физички нападната од својата сестра, спроведена акциска контрола на возачи кои возат со поголема брзина

Објавено на 2 април, 2021 во 10:27

eshtrthtr 234695

02.04.2021

Вчера во Полициска станица Велес, околу 15:00 часот, 45-годишна жена од Кавадарци пријавила дека во нотарска канцеларија во Велес била физички нападната од својата сестра И.А. (47) од Градско. По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

Во текот на истиот ден, во период од 08:00 до 14:00 часот, на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Регистрирани се вкупно 28 прекршоци од кои осум во Велес, шест во Кавадарци и 14 во Неготино.

Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.

За Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се вкупно 25 лица, од нив 18 во Велес, шест во Кавадарци и едно во Неготино.

Полицискиот час го почитувале велешани но во Неготино регистрирани се четири лица кои ја прекшриле забраната за движење од 22:00 до 05:00 часот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.