Починат маж од корона вирус во велешка болница, Инфективно полно, Итна помош транспортира четворица ковид болни кон болницата

Објавено на 4 април, 2021 во 12:49

159798346 195679052346945 3446039506052431163 n 2

04.04.2021

Пациентот е на 67 годишна возраст од Велес, позитивен, лекуван четири дена на Инфективно одделение. Денеска во болницата вкупно хоспитализирани се 98 ковид пациенти или за двајца повеќе од вчерашниот ден.

Од нив 89 се потврдено позитивни, тројца сомнителни и шест пациенти се со негативен брис но, задржани на болничко лекување.

И денеска е комплетно полно инфективното одделение каде се лекуваат 54 ковид пациенти, 38 се болнички сместени во Модуларната болница каде има 14 празни легла како и шест на Интерно одделение.

На кислородна поддршка се 49 пациенти што е за двајца помалку од вчера.

Денеска од болницата испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.

Според информации на Итната медицинска помош во Велес една медицинска екипата во моментов одговара по повиците за медицинска помош и транспорт на четворица велешани, кои се ковид болни, од нивните домови до велешка болница.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.