Тешко повреден маж во незгода со велосипед во Башино Село
Објавено на 8 април, 2021 во 11:24
08.04.2021
Од страна на Итна медицинска помош, на одделот за хирургија во Општа болница Велес, вчера, околу 08:00 часот, бил донесен З.Ѓ, 52 годишен пациент во тешка општа состојба.
Тој управувајќи велосипед во Башино Село, велешко, удрил во пешакот О.И, 57 години и се здобил со тешки повреди. На местото бил изврше увид од страна на увидна екипа од Сектор за внатрешни работи Велес.
Повредениот пациент во велешката болница бил однесен со видлив крвен подлив на главата и крварење од левото уво но бил и тешко контактибилен. Поради сериозноста на повредите препратен е на Тоарилуц Скопје за понатамошен третман и доиследување.
Стефани Манева
