Во изминатото деноноќие велешани го почитувале полицискиот час но 28 не носеле маска
Објавено на 9 април, 2021 во 08:50
09.04.2021
Велешани продолжуваат да го почитуваат полицискиот час но не носат маска.
За непочитување на Уредбата за носење на лична заштита евидентирани се 43 лица. Од нив 28 во Велес ,12 во Кавадарци и три во Неготино.
Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час од 20:00 до 05:00 часот, евидентирано е само едно лице во Кавадарци.
Стефани Манева
