Се рехабилитираат дел од главните улици и приодите на Велес

Објавено на 14 април, 2021 во 16:16

Asfaltiranje2

14.04.2021

Јавното претпријатие за патишта „Македонија пат“ работи на подготовка и на асфалтирање на три локации во Велес додека фирма ангажирана од општината на дел од главните и на дел од споредните улици во градот.

Вадењето на стариот и уништен афалт како и постилањето со нов на влезовите во Велес од западна страна преку населба Шорка, од северна кај кружниот тек со удолницата пред бензиска пумпа како и на јужниот влез во непосредна близина на фабриката за кожа и крзнени производи „Димко Митрев“ ги реализира „Македонија пат“. Тие се во вкупна должина од околу 2,5 км. За овие позиции парите ги обезбеди Министерството за транспорт и врски.

Minister Bocvarski Veles

-Овде во Велес ние работиме на рехабилитација на влезовите во градот. После долги години рехабилитацијата ја обезбеди државата во вкупна вредност од 15 милиони денари што е дополнителна поддрка за општината. Ќе продолжиме и во иднина. Исто така со државни пари се градат водоводи и канализации и на три улици во централното градско подрачје се менуваат канализациони линии додека на осум улици заменуваме водоводни линии. Се гради водовод и кон населените места Бузалково и Раштани со тоа што инвестициите во водоводи и канализации се над 1 милион евра преку Министерство за транспорт и врски, рече министерот Благоја Бочварски.

Asfaltiranje3

Од вкупната сума што најверојатно ќе надмине 15 милиони денари се рехабилитираат и главни како и споредни  улици во градот.  Работите започнаа изминатиот петок кога започна вадењето на стариот асфалт на дел од улицата „Благој Ѓорев“ и на дел од улицата „8ми септември“,  од раскрсницата кон Брза помош до раскрсницата на плоштад „Сармаале“ што во површина изнесува 3.800 м2.

Денеска заврши гребењето на завршниот слој на асфалот и неговото изнесување додека од утре треба да започне асфалтирањето.

За овој дел од рехабилитацијата на улиците избрана за изведба е скопската фирма „Битем“.

173431602 286572806508984 4001515541851867136 n

Според Градоначалникот Аце Коцевски од овие финансиски средства добиени од  Министерството за транспорт и врски ќе се асфалтираат и други сообраќајници во градот, улици во сателитската населба на Езеро „Младост“ како и во селата Црквино и Горно Оризари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.