Починаa маж и жена од ковид-19 во велешка болница
15.04.2021
Маж на 82 годишна возраст, позитивен, лекуван еден ден на Инфективно одделение и жена на 79 годишна возраст лекувана три дена во Модуларната болница се последни жртви на коронавирусот во Велес.
Исто така, во изминатите 24 часа, извршени се два транспорта на пациенти на 67 годишна возраст од велешка во скопски клиники. Првиот транспортиран е во ГОБ „8 Септември“ додека вториот во приватна Болница „Систина“.
Денеска во Општа болница Велес вкупно хоспитализирани се 98 ковид болни. Од нив 87 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и девет пациенти имаат негативен брис но се задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се лекуваат 51, во Модуларна болница 32, на Интерно 6 и на Физикално одделение 9 пациенти.
На кислородна поддршка се 37 пациенти.
Од болницата денеска испишани се 6 пациенти како оздравени со по еден негативен тест за Ковид 19.
Убавка Јаневска