Почина пациентка од Ковид -19 од Свети Николе, транспортиран еден пациент од велешка болница на скопска клиника

Објавено на 17 април, 2021 во 10:58

viber image 2020 12 24 17 58 30

17.04.2021

Починатата жена имала 69 години и била од Свети Николе. На болничко лекување била примена како позитивна и била лекувана два дена во Модуларната Болница.

Во текот на вчерашниот ден, од Општа болница Велес во приватна болница „Систина“ во Скопје бил транспортиран еден пациент на 67 годишна возраст.

Денеска вкупно се хоспитализирани 88 ковид пациенти, од кои 75 се потврдено позитивни, тројца се сомнителни и 10 пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. Од нив 43 се лекуваат на Инфективно одделение, 29 во Модуларна болница и по осум пациенти на Интерно и на Физикално одделение.

На кислородна поддршка се 38 пациенти.

Денеска од болницата испишани се седум пациенти како оздравени со по еден негативен тест за Ковид 19.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.