Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај

Објавено на 20 април, 2023 во 09:34

Поради вградување на асфалтен слој, поточно асфалтирање, денеска, затоврена за сообраќај ќе биде делнуцата Велес – Градско, во близина на винарија Стоби. Од Авто мото сојуз на Македонија информираат дека во однос на објектот „Рехабилитација на Регионален пат Р1102, делница Велес – Градско“, делницата ќе биде затворена од 08:00 до 18:00 часот.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.