Дерала: Општините да го слушаат и разберат гласот на граѓаните при донесување на одлуки

Објавено на 22 јуни, 2021 во 16:50
Џабир Дерала

Граѓанската организација „ЦИВИЛ“ во напорите да придонесе кон запознавање, мотивирање и мобилизирање на општеството на сите нивоа и во сите сектори, реализира проект за продолжување на директната соработка со општините. Проектните активности се насочени кон креирање на успешни модели за граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално ниво. Станува збор за исклучително важни области од животот на граѓаните во локалните заедници. „ЦИВИЛ“ на овој начин поттикнува вклучување на сите засегнати страни и барање одговор на прашања како што се соработка на локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите, граѓанките и граѓаните во негувањето и промоцијата на европските вредности. Проектот „Европски перспектива“ што „ЦИВИЛ“ го спроведува е финансиски поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.  

Еве што Џабир Дерала изјави по денешната посета на Општина Велес.      

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.